вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Голготата во здравството продолжува! Лекувањето во странство на македонските деца се уште зависи од хуманоста на граѓаните

Голготата во здравството продолжува! Лекувањето во странство на македонските деца се уште зависи од хуманоста на граѓаните

Голготата во македонското здравство продолжува, за да се лекуваат македонските граѓани собираат донации. На социјалните мрежи се повеќе и повеќе се споделуваат апели за помош за собирање на финансиски средства за неопходните операциони зафати кои претежно треба да се направат надвор од Македонија.

Само да потсетиме дека едно од клучните ветувања, кои што актуелната влсат предводена од СДСМ и Зоран Заев, ги даде пред македонските граѓани за време на изборната кампања во 2016 година беше, итно формирање на Фонд за финансирање на лекување во странство за деца до 18 години, кој требаше итно да носи и одлуки.

А исто така во изборната програма на СДСМ убаво стои напишано дека по формирањето на Фондот за финансирање на лекување во странство, лекувањето на децата од Македонија нема да зависи од хуманоста на нејзините граѓани.

Ќе формираме Фонд за финансирање на лекувањето во странство на деца до 18 години кој ќе мора итно да ги носи неопходните одлуки, ослободени од политички и министерски притисоци. Така лекувањето на децата во Македонија нема да зависи од хуманоста на нејзините граѓани“– ова стои во таканаречената програма “План за живот“ на СДСМ на страна 142, а се однесува на сите оние на кои им е потребно лекување во странство.

Да биде иронијата поголема, ваквото ветување требаше да се спроведе во период од 6 месеци откако СДСМ ќе ја преземе власта. Но, за жал, еве и трета година како СДСМ и Зоран Заев се власт од овој проект се уште нема ништо и лекувањето на децата на Македонија во странство се уште зависи од хуманоста на нивните сограѓани.

 

Коронавирус