вторник, 3. август 2021. Вести денес: 174
home Вести

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ОХРИД – силни врнежи од дожд го зафатија овој дел од земјата (ВИДЕО)

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ОХРИД – силни врнежи од дожд го зафатија овој дел од земјата (ВИДЕО)

Како што претходно најавија од УХМР, попладнево Охрид и охридскиот регион го зафати силно невреме со врнежи од дожд.

Времето до крајот на денов наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови врнежите насекаде ќе престанат, а во текот на ноќта облачноста ќе се намалува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Од УХМР информираат дека и во понеделник во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и услови за појава на град.

Коронавирус