сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 64
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

Големи загуби поради коронавирусот – Како ќе изгледаат рестораните и кафулињата по ковид-19?

Големи загуби поради коронавирусот – Како ќе изгледаат рестораните и кафулињата по ковид-19?

„Ресторанот не работи како останатите во Македонија и надвор. Во моментов го реновираме само ресторанот. Го користиме времето за да реновираме и да направиме некои промени. Мислам дека ова е вистинското време за реновирање“, истакна Асан Даутовиќ.

Поради коронавирусот рестораните и кафулињата први се затворени. Ова беше првата мерка што ја презема Владата за спречување на вирусот Ковид-19. Повеќе од еден месец се под клуч, а менаџер на еден локал вели дека финансиската загуба е доста голема. Асан Даутовиќ, менаџер на каде ресторант вели дека откако беше донесена одлуката дека не можат да работат, се труделе да да заработат со испорака на нарачки.
Но, колку всушност изнесува загубата на рестораните и кафулињата во времето на пандемија?

„Во бројки не знам, но можам да кажам дека е многу тешко, за многу пари станува збор. Но, не се во прашање само парите, туку и расположението што го изгубија луѓето“, посочи Даутовиќ.

Менаџерите и сопствениците се надеваат дека на 15-ти мај ќе можат да ги отворат нивните локали, но со нови услови.

„Во моментов сѐ уште не е донесена одлука. Како што слушнавме, ќе има нов протокол за услуги на рестораните и дека ќе има некои обуки за актуелната состојба“, вели Даутовиќ.

Поради затворањето на кафулињата и рестораните, голем број келнери и готвачи седат дома без плата, поради што очекуваат помош од државата. Угостителските места кои ќе ги исполнат условите кои ги воведе Владата ќе можат да добијат дозвола за работа. Еден од условите е меѓу секоја маса да има растојание од два метра. Пред неколку дека директорот на Агенцијата за туризам, Љупчо Јаневски рече дека рестораните ќе бидат отворени со одредена дистанца меѓу масите, системот на послужување, начинот кој што ќе биде „куќниот ред“ на послужување и сервирање на храна.

извор: tv21.tv

Коронавирус