петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 64
home Вести

Голем раст на бројот на заболени: Потврдени 19 нови случаи, вкупно 67 позитивни на коронавирус

Голем раст на бројот на заболени: Потврдени 19 нови случаи, вкупно 67 позитивни на коронавирус

Преку Институт за јавно здравје на коронавирус вчера попладне и во текот на ноќта биле тестирани 71 лице.

Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.

Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.

– На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот. Со ова, бројката на ново-заболени до 10 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67, инофрмира министерот за здравство Венко Филипче.

Коронавирус