среда, 15. јули 2020. Вести денес: 83
home Вести

Голем раст на бројот на новозаболени од коронавирус, Македонија со најголем број случаи во еден ден од почеток на епидемијата

Голем раст на бројот на новозаболени од коронавирус, Македонија со најголем број случаи во еден ден од почеток на епидемијата

Институтот за јавно здравје информира дека во текот на вчерашниот ден регистрирани се нови 119 случаи на коронавирус во Македонија (Министерството за здравство соопшти за 120 новозаболени). Нови случаи на Ковид-19 има во 9 градови во земјава, од кои најголем дел се од Скопје (55.5%).

Од вкупниот број на тестирани, 2 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките (Штип) -нема позитивни случаи.

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 24 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 56 лица од женски и 63 од машки пол.

Во текот на вчерашниот ден регистрирани се два смртни случаи, а за оздравени се вода 16 лица.

Вкупниот број за заболени лица во Македонија од Ковид-19 е 2.610.

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.270 машки и 1.340 женски лица.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 44,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 544 (20,8%), каја возрасната група од 50-59 години има 521 заболен. Кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 129 и 133 случаи соодветно.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клиничка болница Битола, Општи болници Прилеп, Куманово и Гостивар), моментално се хоспитализирани 92 лица, а од нив 28 се на кислородна поддршка, 5 на механичка вентилација и 2 на неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,2%), кашлица (51,7%), малаксаност (39,3%), треска (18,9%), главоболка (15,6%), отежнато дишење (14,2%) и болка во грло (13,8%).

Кај 878 или 33,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 652 или 74,3% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Пријавени се 27 (1,0%) случаи кај бремени жени, од кои 9 биле хоспитализирани во текот на болеста. Четиринаесет од регистрираните се асимптоматски случаи.

Регистрирани се 285 (10,9%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 147 смртни случаи (Лт = 5,6%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=95).  Регистрирани се 100 смртни случаи кај лица од машки и 47 кај лица од женски пол. Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена.

Во земјава се направени вкупно 33.114 тестирања.

Според исходот од заболувањето, 842 лица (32,3%) се активни случаи, 1.621 случај (62,1%) се водат како оздравени (247 од нив се здравствени работници и 14 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување. Од случаите кои се водат како оздравени, 361 (22,3%) бил хоспитализиран додека останатите 1.260 (77,7%) биле на домашно лекување.