петок, 30. септември 2022. Вести денес: 116
home Вести

Голем празник: Славиме тројца светители – од ова зависи каква ќе биде вашата година

Овој празник меѓу луѓе се смета за заштитник на луѓето и животните од мраз, ладни и вли ветрови. По тоа какви ветришта дуваат денеска, се прогнозира и какво ќе биде времето во текот на годината.
Голем празник: Славиме тројца светители – од ова зависи каква ќе биде вашата година

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јануари.

Денеска е Св. три Ерарси.

Празников е установен во единаесеттиот век, иако тројцата светители (Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст) на кои денес Црквата се сеќава живееја во четвртиот век.

Со тек на времето, нивната светост почна да се мери со човечки мерила, па така овие светители наместо причина за соединување во љубовта станаа предмет на меѓусебни разделби. Христијаните се делеа, мерејќи кој од нив е посвет од другите. За да го запре безумието Црквата го установи нивното заедничко и рамночесно празнување на овој ден, иако секој од нив има и свој посебен празник.

Овој празник меѓу луѓе се смета за заштитник на луѓето и животните од мраз, ладни и вли ветрови. По тоа какви ветришта дуваат денеска, се прогнозира и какво ќе биде времето во текот на годината.

Коронавирус