недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 74
home Вести

Голем инцидент во Тетово: Демонстрантите ја нападнаа полицијата која го бранеше седиштето на ДУИ (ВИДЕО)

Голем инцидент во Тетово: Демонстрантите ја нападнаа полицијата која го бранеше седиштето на ДУИ (ВИДЕО)

Граѓаните кои попладнево мирно протестираа во Тетово, како поддршка за починатите кои загинаа при пожарот во модуларната болница во Тетово, влегоа во конфликт со полицијата. Тие се упатиле кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, но таму им е забранет пристапот.

Групата граѓани почнала да фрла со јајца и со камења кон општинската зграда и притоа дојде до судир и со припадниците на МВР.

Засега нема информација за повредени.

Во пожарот кој се случи вечерта на 8. септември во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти со Ковид 19 кои биле на лекување.

Локални избори 2021