понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 99
home Вести

Голем дел се Македонци: Во Србија досега се вакцинирани околу 39.000 странски државјани

Голем дел се Македонци: Во Србија досега се вакцинирани околу 39.000 странски државјани
МИА

Во Србија досега се дадени 2.650.000 дози вакцини, ревакцинирани се над 1.129.000 лица, имунизирани се околу 810.000 граѓани, а вакцинирани се и околу 39.000 странски државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

-Досега во Србија против ковид-19 се вакцинирани околу 39.000 странски државјани, претежно од Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, изјави на РТС директорот на владината канцеларија за е-управа, Михаило Јовановиќ.

-Од денеска започнува нов вид вакцинација на граѓаните. Покрај апликацијата преку порталот за е-управа и контакт центарот, сите локални самоуправи започнуваат да организираат слободни контролни пунктови каде што граѓаните ќе можат да доаѓаат без пријава,кажа Јовановиќ, кој објасни дека вакцинирањето на пунктовите без известување ќе зависи од локалната самоуправа, кои ќе бидат претежно во близина на здравствените домови, но и дека ќе има многу мобилни тимови.

Коронавирус