недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Вести

„Го сакам Водно“: Решението за сеча на Водно е вон пропишаниот рок за сеча

„Го сакам Водно“: Решението за сеча на Водно е вон пропишаниот рок за сеча

Андреја Јанков од иницијативата „Го сакам Водно“ на дебатата организирана од Град Скопје поради гасоводот посочи дека е направено вештачење на самата траса каде што се извадени 7911 поеднични дрвја. Според него за да се оствари она предвидено десектратно пошумување или ревитализација треба да се насадат 80 илјади нови садници. Оттука тој праша каде тие би се извеле дали на самата траса како што веќе се посочи.

– “Трасата е проектирана на 25 метри ширина и тоа има причина зошто е тоа така. Таа магично се намалува на 15, па на 10, а сега на 5. Значи кои се вистинските бројки. Споредбата на Партизанска со должината на трасата и оваа со 9.3 како 2 Партизански. Трасата е земена Партизанска како пример. Моментално Партизанска е широка 30 метри, и исто така сакам да нагласам дека на изведени досегашни подрачја на гасоводната траса, ако се земе да се измери изнесува во просек околу 36 метри, а на места околу 46 метра ширина, што значи дека или не се придржувале на проектот или воопшто немале контрола на самото градилиште“ вели Јанков.

Според Јанков мораше ли да се дојде до степен со притисоци за да овој појас се намали. Тој го посочи делот кај Сопиште, но и дел од трасата која преставува високо ерозивно подрачје. Тој исто така кажа дека и решението за сеча која е сега издадено според студијата за оценка за влијание на животната средина е вон пропишаниот рок за сеча.