четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 0
home Вести

„Го сакам водно“ целосно го демантира постигнатиот договор меѓу нив и изведувачите за изградба на гасоводот

„Го сакам водно“ целосно го демантира постигнатиот договор меѓу нив и изведувачите за изградба на гасоводот

Иницијативата „Го сакам Водно“ на својата Фејсбук страница објави статус во кој се демантираат сите информации за согласност помеѓу граѓаните од оваа иницијатива и дел од работните групи за мониторинг на изведна на гасоводот.

-Во официјално соопштение МЕР АД Скопје вчера, 11.10.2018, ја информираше јавноста дека била постигната согласност со граѓанските активисти кои ќе биле дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект. Во потполност ја демантираме информацијата за граѓанската иницијатива Го Сакам Водно со која согласност не е постигната, ниту пак сме дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект.

Ширење лажни вести како официјално соопштение е сепак пострашно од fake news, нели Mile Bosnjakovski и Bajram Rexhepi ?

Освен, ако нема некои нови, преку ноќ одгледани граѓански активисти, стои во нивниот статус на Фејсбук.

Инаку вчера иницијативата објави видео на кое јасно се гледа како на државен празник повторно се активираа багерите на Водно.

Претходно градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов им вети на граѓаните дека поради неговата „загриженост“ ќе го стопира процесот за изградба на гасоводот, но попусто сето тоа траеше само краток временски период.