сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Го гушкаа ГТЦ, а кога дојдоа на власт дуќани се затвораат

Го гушкаа ГТЦ, а кога дојдоа на власт дуќани се затвораат

Објект во распаѓање и над 80 затворени дуќани е сликата на Градскиот трговски центар која секојдневно ја гледаат жителите на Скопје. На секој чекор празни дуќани и налепници дека истите се продаваат или издаваат.

Објектот кој е еден вид на синоним за Скопје и за кој владејачката СДСМ креваше галама додека беше во опозиција, сега е оставен на забот на времето. Наместо да го спасат како што ветуваа го оставија уште повеќе да пропаѓа.

Поради не можноста на дуќанџиите да платат за кирија и давачки, бројката на затворени дуќани се очекува да расте, додека нема други кои се заинтересирани да отворат свои бизниси во ГТЦ. Ситуацијата е толку лоша што постојат објекти кои нивните закупници ги издаваат и без кирија, колку да функционираат. Но сето тоа е залудно, нема ни сметките кој да ги плаќа.

Покрај незаинтересираноста на власта да го спаси објектот, на оваа катастрофа влијае и се послабата куповна моќ на граѓаните кои со кризата едвај преживуваат, а камо ли да пазарат гардероба, бела техника или други работи од ГТЦ.

Дуќанџиите разочарани бидејќи повеќе не можат да заработуваат ни за леб, велат дека од влада која не успеа да го подобри стандардот на граѓаните, не може да се очекува да го спаси ГТЦ.

Во ГТЦ повеќе ги нема продавниците кои беа негов белег, а за новите брендови поради неговиот изглед и неодржливост не е ни провлечен. Ги нема ни неговите гушкачи кои толку многу жестоко се бореа за ГТЦ, дури и организираа референдум за негов спас, а сега веќе 7 години ги нема да пуштат глас за тоа што нивниот „омилен“ објект се пропаѓа и нема кој да го спаси.

И наместо владејачката СДСМ и градоначалникот Шилегов да ја видат реалноста којашто му се случува на ГТЦ, тие се решија на шминка и на објектот во распаѓање да му стават зелена тераса која почна да прокапува уште првата недела откако ја поставија.

Поради сето тоа скопјани велат дека додека власта се фали, ГТЦ се распадна и ако вака изгледа враќањето на ГТЦ на граѓаните и дуќанџиите, но и спасот кој СДСМ го ветуваше, тогаш подобро да не го спасеа.

Коронавирус