петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Го допревме дното – Македонија со СДСМ „блеска“ со 25 пати помал економски раст од соседна Србија

Го допревме дното – Македонија со СДСМ „блеска“ со 25 пати помал економски раст од соседна Србија

Македонската економија предводена од СДСМ и триото Спасовски-Царовска-Нина Групер, во првиот квартал од годината забележала невидлив и незначителен раст од минорни 0,2 отсто, покажуваат податоците на Европската комисија кои се однесуваат на растот на домашниот бруто производ (БДП) во земјите од регионот на Западен Балкан вклучително и Турција. Србија има 25 пати поглем раст од нас

Највисок раст на БДП од 5 отсто има Србија, по која ја следи Турција со 4,5 отсто. Потоа следат Црна Гора со 2,7 отсто, Босна и Херцеговина од 2,0 отсто и Косово 1,3%. Албанија, пак, има негатива од минус 2,5 отсто.

Според ЕК, растот на БДП на земјите од регионот се должи на зголемените бруто инвестиции, државна и лична потрошувачка и состојбата на залихите. Растот на државната потрошувачка има раст од 12% на годишно ниво, додека бруто инвестициите во основен капитал пораснаа за 10,7%. Кога се работи за личната потрошувачка, таа бележи раст од 3,2% на годишно ниво.

Коронавирус