недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Вести

Глобален протест: Неделата на иднината почнува со протест пред Влада

Глобален протест: Неделата на иднината почнува со протест пред Влада

Недела за Иднината започнува на 20-ти со протест пред Влада, завршува на 27-ми со марш кој ќе почне од МЖСПП.

-Ќе има блокади, акции, работилници, дискусии…. Излези, не седи дома. ФБ и твитер не се доволни, порачуваат од О2 Иницијативата.

Во продолжение, деталната програма за Недела за Иднината:

20-ти септември (петок) – отварање на неделата за иднината со протест на платото во близина на Владата кај споменикот на ослободителите на Скопје. Протестот ќе започне во 13 часот и ќе ја има поддршката на повеќе организации за животна средина: Движење за чист воздух, Skopje Smog Alarm, Go Sakam Vodno / Го Сакам Водно, O2 Иницијатива и други. Барањата на Петоци за Иднината ќе бидат изложени на објектот.

21-ви септември (САБОТА) – учество во велосипедско возење низ Скопје во организација на Eko-svest (https://www.facebook.com/events/946308445716351/) Критичната маса #наточак ќе започне во 19 часот во паркот Жена Борец кај споменикот на Питу Гули, и ќе заврши во 19 и 30 пред Школка во градски парк, каде ќе се одржи филмска проекција под отворено небо на тема климатски промени.

22-ри септември (НЕДЕЛА) – акција за ослободување на заробени дрвја во Скопје. Повеќе информации наскоро.

25-ти септември (СРЕДА) – панел дискусија во кафе Котур со проф. Наташа Марковска, претставник на Македонија во Меѓународниот панел за климатски промени, проф. Ристо Цицонков, автор на првиот национален извештај за климатски промени, и Симона Гетова, магистер по менаџмент и политики за животна средина од ЦЕУ во Будимпешта. Почетокот на трибината ќе биде во 18 и 30.

26-ти септември (ЧЕТВРТОК) – работилница “Градење моќ и глокално дејствување” во организација на Young Friends of the Earth Macedonia (https://www.facebook.com/events/529872234485458/), со дискусии на темите политичка екологија и климатски промени. Почеток во 17, крај во 21 часот. Пријавување до 18ти септември на следниот линк https://docs.google.com/forms/d/1opfAz_Vm3wufS1RVxCK42BeIZqvsLUnlhdJomTYWJGg/edit

27-ми септември (ПЕТОК) – марш за климата со почетна точка Министерство за Животна Средина (https://goo.gl/maps/3obEQth5NdhatHTk9), преку Собрание, крајна точка Влада на РМ. Почетокот на собирот пред МЖС ќе биде во 13 часот. Демонстрантите ќе се движат строго по тротоар да се избегнат блокади на сообраќајот. Затварањето пред Влада ќе биде пропратено со музичка содржина.