понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 178
home Вести

Гледач обвинува: Министер на Заев со оружје присилно преземал фирма (ВИДЕО)

Гледач обвинува: Министер на Заев со оружје присилно преземал фирма (ВИДЕО)

Во отворено студио на 1 тв на тема „Кој е збудален – Груевски или народот?“ гледач откри нов скандал на владата. Тој го обвини министерот без ресор Аднан Ќахил дека е „лопов кој со оружје се закнувал на бизнисмен и му ја одземал компанијата“.

„Во новата влада на господинот Зоран Заев има поставени министри и министри без ресор, кои на еден академски граѓани, ќе ви кажам име и презиме ако треба, има доведено инвеститор од надвор, има отворено фирма и под присила со оружје му ја имаат земено фирмата без никаков надоместок. Фирмата се вика ‘Манора’ – се работи за министерот без ресор Аднан Ќахил. Слободно, слободно…запишете да проверите, да видите сами. Подигнато е на многу високо ниво па ќе видиме државата што ќе направи со овој случај“ – рече гледачот во живо.

Гледачот додаде дека повеќе никој нема да може да го запре гласот на народот, и повика на заедничка народна борба против криминалците на власт, како што вели против „криминалната група“.

Најнови вести

Локални избори 2021