сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 29
home Вести

Главниот кризен штаб предлага новата учебна година да биде со физичко присуство

Главниот кризен штаб предлага новата учебна година да биде со физичко присуство

Главниот координативен кризен штаб на Владата на предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок оцени дека се создадени услови, почетокот на новата школска година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во Одлука која ќе биде донесена на наредната Владина седница.

-Во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, според членовите на ГККШ е големиот број на вакцинирани наставници и училиштен кадар (моментално 60 проценти се вакцинирани, а се очекува до септември зголемување до 80% вакцинирани од вкупниот број вработени во училиштата), информираат од Владата.

Во оваа насока, се и протоколите, изработени од епидемилози, кои веќе се донесени за настава со физичко присуство, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата.

На состанокот беше заклучено дека и кај вработените во градинките и останатиот персонал продолжува вакцинацијата, а моменталниот процент е 60 проценти.

Коронавирус