вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 148
home Вести

„Главна работа на Владата наместо решавање проблеми стана гребење на македонското сонце“

„Главна работа на Владата наместо решавање проблеми стана гребење на македонското сонце“

Главната работа на Владата и на по некое градоначалниче кое сака да се истакне пред вождот, станува гребењето на шеснаеткракото сонце, како да тоа е злосторство за кое следува казна, а не историски симбол на нашиот народ. Се истакнуваат кој повеќе сонца ќе избрише наместо кој повеќе проблеми ќе реши, изјави вечерва Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-А Европа, и со сменето име, избришан идентитет, изгребано шеснаесеткрако сонце и со дебата чив бил Гоце, останува се подалеку. Па тогаш зошто сето ова, нема ниту една причина зошто оваа власт да продолжи да владее. ВМРО-ДПМНЕ се бори Република Македонија да добие датум за преговори, и покрај целокупната акутна неработа на власта, и нема да биде никакво алиби за неуспехот на патот кон Европа, потенцираше Мицкоски.