сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 23
home Вести

Гласникот на СДСМ, Дерала, прокува: Со стара слика од пред 4 години шири лажни вести!

Гласникот на СДСМ, Дерала, прокува: Со стара слика од пред 4 години шири лажни вести!

Гласникот на СДСМ, Џабир Дерала, преку својот портал Фронтлајн, каде е главен уредник, шири лажни вести.

Тој објавува слика стара четири години и става вест со наслов: „Челниците на ВМРО-ДПМНЕ слават роденден, спротивно на препораките за заштита од коронавирусот“.

-На социјалните мрежи се појави фотографија од поранешниот директор на Секретаријат за европски прашања и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Васко Наумоски, како го прославува својот 40 роденден во широко друштво. Во позадина може да се види дека на прославата е присутен и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пишува Дерала.

Но, оваа фотографија е стара цели 4 години и објавувајќи ја, Дерала свесно манипулира со граѓаните и шири лажни вести.

 

Коронавирус