понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

ГЛАСАЊЕТО ЗАПОЧНА: КУРИР во трка за најчитан портал во цел балкански регион

ГЛАСАЊЕТО ЗАПОЧНА: КУРИР во трка за најчитан портал во цел балкански регион

Специјализираниот веб портал Медиа Дејли  за прв пат ја воведе и рубриката „избор на  најчитаните портали oд балканскиот регион“ , а  на листата од Македонија меѓу најчитаните интернет страници се најде и КУРИР.МК.

Само три македонски интернет портали влегоа во трката за најчитани во регионот. За КУРИР, и самото влегување во тесната трка е навистина голема чест.

Медиа Дејли е првиот регионален  и единствен специјализиран портал за медиуми www.mediadaily.biz   кој од 1.11  до 30.11 на овие простори ќе спроведе независен избор за најдобрите меѓу 30 најчитани портали на подрчјето на регионот, односно  за подрачјето на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Македонија.

Во објаснувањето на изборот, уредништвото на Медиа Дејли  наведува дека њуз-порталите во последните пет години станаа прво и главно место каде што граѓаните се информираат за дневните настании како такви, овие интернет страници  имаат големо влијание во општествената и во медиумската сфера. Исто така тие забележуваат милионски посети и  нивни постојани корисници се луѓе од  сите старосни структури.

-Влијанието на онлајн порталите се разликува по начинот и стилот на известување, графичкиот дизајн и професионализмот и за тоа вреди да се вреднува и да се категоризира за да бидат уште подобри, а оние другите да се потрудат да постигнат подобри резултати. Целта, меѓу другото,  на оваа иницијатива  на порталот Медиа Дејли е најава таа да стане традиционален, што ќе биде одлична можност за трансгранична соработка, бидејќи станува збор за пазар од 20 и повеќе милиони  население, велат организаторите на овој избор.

Како и на кој начин  ќе биде изборот на  најдобриот меѓу  најчитаните он-лајн изданија?

На секоја држава  и припаѓаат онолку портали  сразмерно со бројката на  населението така што е одредено: Србија  да има 10 преставници, Хрватска  седум,  БИХ  шест, Словенија и Македонија имаат по  три претставници, а додека Црна Гора има  само еден претставник.

На порталот www.mediadaily.biz  читателите  ќе можат да гласаат од овие 30 номинирани интернет страници, за својот омилен портал, а тоа ќе им донесе максимални  50% бодови, додека останатите 50 % бодови ќе ги даде жирито составено од еминетни експерти.

Гласањето и целиот избор ке почне од 01. 11. и ќе трае  до 30.11.

КУРИР ќе ги информира своите читатели за сите детали околу овој избор, гласањето, резултатите и пласманот кој ќе го постигне.

Почитувани читатели, за КУРИР.МК можете да гласате ТУКА