недела, 9. мај 2021. Вести денес: 88
home Вести

Гласањето на изборите ќе трае до 21 часот

Гласањето на изборите ќе трае до 21 часот

Гласачкото место на предвремените парламентарни избри кои ќе се одржат на 15 јули се затвора во 21 часот, а на лицата што се затекнале во објектот ќе им се овозможи да гласаат.

Прекин на гласање може да има доколку на гласачкото место се наруши редот сè додека тој не се воспостави, во случај на временски непогоди и други вонредни околности, ако приодот до гласачкото место не го обезбедува полиција, а за тоа имало потреба, и доколку полицијата е повикана и не се одѕвала на повикот.

Доколку гласањето биде прекинато пократко од еден час тоа не продолжува по 21 часот, но ако е прекинато подолго од три часа не продолжува истиот ден.

Овластените претставници на подносителите на листите, набљудувачите и гласачите на денот на гласањето на гласачките места не смеат да користат мобилен телефон, апарат или други средства за сликање на гласачкото ливче. Избирачкиот одбор може да го отстрани од гласачкото место секое лице што не се придружува кон оваа забрана.

На избирачкото место никој не смее да дојде вооружен, освен припадници на полицијата. Полицајците можат да влезат на гласачкото место само во случај кога се повикани од избирачкиот одбор и кога ќе забележат сериозно нарушување на редот и мирот.

Коронавирус