петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Вести

Гласање за Гинис во Делчево: 11 болни гласале на 13 ливчиња

Гласање за Гинис во Делчево: 11 болни гласале на 13 ливчиња

Според информации од терен при гласањето на болните и изнемоштени лица во Делчево, во избирачкото место 573 се случила изборна нерегуларност. Од вкупно 10 лица кои гласале во во избирачката кутија се нашле 13 ливчиња.

Имено избирачкиот одбор кој по процедура одел од куќа на куќа по поминувањето на 10 куќи, отишле на 11, при што утврдиле дека лицето нема валидна лична карта, по што не му дозволиле да гласа и се упатиле накај 12 – тиот, по пат, избирачакиот одбор забележува дека им недостасуваат 2 гласачки ливчиња, по неколку минутна забуна кога ја отвориле кутијата во неа ги забележале сите 12 ливчиња, иако гласале само 10 лица.

Избирачкиот одбор по ваквата ситуација се враќа во ДИК, по што зема уште едно ливче и се упатува накај 12 – тиот гласач, по што истиот гласа и го ставаат ливчето во кутијата, по што со гласани 11 лица на крај имало 13 ливчиња во кутија.

Коронавирус