сабота, 28. март 2020. Вести денес: 95
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Гласачите секогаш имаат свои причини – ДА ГЛАСААТ или ДА НЕ ГЛАСААТ

Гласачите секогаш имаат свои причини – ДА ГЛАСААТ или ДА НЕ ГЛАСААТ

Гласањето навидум е едноставен политички акт. Но, тоа е само впечаток на прв поглед, и е впечаток кој создава привид и погрешна претстава. Вистината е дека гласањето како акт е под влијание на цела низа фактори.

  • Свесни и несвесни.
  • Рационални и ирационални.
  • Себични и несебични.

Сите тие, заедно, укажуваат дека се работи за едно политичко однесување, кое е во исто време колку индивидуално, толку и социјално. Поради овој факт и поради таквата реалност истражувачите на многубројните непознаници на гласачкото однесување укажуваат дека тоа претставува еден од најбитните извори на информации за интеракцијата помеѓу индивидуата, општеството и политиката.

Во овој контекст има една вистина за граѓаните – гласачи, како основоположници на демократијата во Македонија. Таа вистина ни го покажува следното: гласачите можат многу да се интересираат или воопшто да не се интересираат за политиката; тие можат  да зборуваат за политиката со своето опкружување или тоа да не го прават никогаш; можат да одат на гласање или да останат дома на денот на изборите; можат да се потчинуваат на своите избраници или да се подготвени да излезат на улица за да го искажат своето негодување за нивната политика. Без разлика што ќе одлучат да направат  ГЛАСАЧИТЕ СЕКОГАШ ИМААТ СВОИ ПРИЧИНИ.

Граѓанска акција за Македонија