недела, 9. август 2020. Вести денес: 88
home Вести

Гласачи од скопски општини се жалат дека ги нема во избирачкиот список

Гласачи од скопски општини се жалат дека ги нема во избирачкиот список

Граѓани на општина Гази Баба и општина Бутел се жалат дека ги нема во избирачки список и истите не можат да го остварат своето право на глас.

Во Македонија денеска се одржуваат десетите парламентарни избори, петти предвремени избори. Право на глас имаат еден милион 814 илјади и 613 полнолетни граѓани, кои ќе гласаат на 3.480 избирачки места.

Избирачките места изутринава се навреме отворени, гласањето досега се одива во најдобар ред и без никакви проблеми, информираат од Државната изборна комисија.

Инаку, според првиот пресек на ДИК до 9 часот излезеноста е 6,26 проценти на ниво на цела Македонија.

Коронавирус