вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 84
home Вести

Ѓурчиновски на сесија на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Ѓурчиновски на сесија на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска и утре во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на 182-то заседание на Воениот комитет на Алијансата, во формат на началници на генералштабови.

Ова ќе биде второ учество на началникот на Генералштабот на сите сесии на заседанието на Воениот комитет, во својство на поканета и скорешна полноправна членка на Алијансата. Претходните учества беа на сесиите што се однесуваат на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

За време на посетата генералот Ѓурчиновски ќе оствари повеќе средби со началниците на генералштабови на земјите членки на НАТО, на кои ќе се разговара за теми од заемен интерес, меѓу кои и за актуелниот развој на настаните на Блискиот Исток.