вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 170
home Вести

Ѓорѓиевски: Заеви се корона профитери, нивната семејна фирма Еленица од која заработуваат милиони евра е корисник на пари од државната анти кризна помош

Ѓорѓиевски: Заеви се корона профитери, нивната семејна фирма Еленица од која заработуваат милиони евра е корисник на пари од државната анти кризна помош

Во услови на оваа криза Заеви стануваат корона профитери, нивната семејна фирма Еленица од која заработуваат милиони евра е корисник на пари од државната антикризна помош, реагира Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција

Зоран Заев си крои мерки лично за својот џеб. Во исто време кога се фали во јавоста со антикризните мерки пропушта на целата јавност да и каже дека фирмата каде неговиот брат и чичко се сопственици станала корисник на државна помош.

Мерките се за Заев, а не за нашиот народот. И со ова се покажува дека парите на народот одат во неговите фирми, а не онаму каде што тоа е најпотребни.

Со ИГМ Еленица Струмица управува братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев, додека Вице Заев, братот на актуелниот претседател на владеачкиот СДСМ, е член на Управниот одбор.

На 14 мај на сметката на ИГМ Еленица од Владата на Република Македонија и биле исплатени 841.000 денари државна помош за плати за месец април. Пресметано, тоа се минимални плати од 14.500 денари за 58 вработени.

Еленица“ во 2018 година беше компанија со најголема добивка во Струмица и струмичкиот регион. Со приходи од 5,16 милиони евра оствари добивка од 2,7 милиони евра. Значи со остварени приходи над 5 милиони евра годишно на Заеви им дојде редот да земаат од парите на народот. Сова е срамно и долно.

Затоа Заев се фали со антикризните пакети затоа што тој има лична корист од ова.

Заеви земаат од устите на гладните, од оние на кој им е најпотребно се со цел да го полнат сопствениот џеб. И сето ова кога фирми и компании се затвораат луѓе остануваат без работа во нашата држава.

Ваквото корона профитесрво на Заев  е доказ дека тој продолжува да се богати на грбот на нашиот народот. Тој е власт кој што ја злоупотребува државата и на најдолен начин ги разграуваат народните пари.

Кризата за многумина значи загубена работа, а и живот. Само за Заев значи пари. Заради овие сите работи Зоран Заев и СДСМ ќе бидат жестоко поразени од народот.

Коронавирус