петок, 25. септември 2020. Вести денес: 15
home Вести

Ѓорѓиевски: Заев и Спасовски спротивно на европската пракса ја укинуваат децентрализацијата на полициските станици и го враќаат МВР 15 години назад

Ѓорѓиевски: Заев и Спасовски спротивно на европската пракса ја укинуваат децентрализацијата на полициските станици и го враќаат МВР 15 години назад

Зоран Заев и Oливер Спасовски, директно го кршат Законот за полиција и прават криминал. За кој што криминал подоцна ќе треба да одговараат. Промената на систематизацијата во МВР е незаконска, тоа го знаат сите полицајци и старешини во МВР, а нормално го знаат и Зоран Заев и Оливер Спасовски, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Спасовски спротивно на европската пракса ја укинуваат децентрализацијата на полициските станици и ја враќаат МВР 15 години назад. Уредувањето на полициските станици во ОВР е директна опструкција на техничкиот министер и тие се брана помеѓу началниците на СВР и полициските станици, и нормално тоа има за цел да ги спречи наредбите на новиот технички министер. Вчера во само еден ден се прераспоредени над 300 бивши вработени во УБК, кои не беа распоредени во АНБ на места според старата систематизација, која веќе не е во сила. Оливер Спасовски вчера подели 300 решенија кои се незаконски и кои немаат правен основ. Дополнително распоредува над 1.000 службеници во МВР спротивно на законот, за само еден ден има поделено над 1.000 нови решенија, вели Ѓорѓиевски.

Тој додава дека Спасовски врши класична злоупотреба на Законот за полицијата. Спасовски наместо министер сега во моментов е во улога на партиски кадровик.

-Треба да знаат дека го кршат законот и многу брзо ќе има одговараат за ова незаконско работење. Апелираме до сите вработени да не подлегнуваат кон притисоците и заканите на Оливер Спасовски. Игрите и опструкциите мора да запрат. Демократијата не смее да се попречува. Сите злоупотреби кои сега се прават ќе бидат испитани и ќе следат соодветни кривични пријави за сите инволвирани, завршува Ѓорѓиевски.

Коронавирус