понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 179
home Вести

Ѓорѓиевски: Време е за промени во Кисела Вода, промени кои ќе значат вистинска грижа за потребите на сограѓаните

Ѓорѓиевски: Време е за промени во Кисела Вода, промени кои ќе значат вистинска грижа за потребите на сограѓаните

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека време е за промени во Кисела Вода, промени кои ќе значат вистинска грижа за потребите на нивните сограѓани и општина која ќе биде сервис на сите.

-Го читам Темелковски – творецот на урбанистичкото злосторство во Кисела Вода, како во FB-статус вели дека дупките и лошите улици можеле да почекаат бидејќи инвестициите на локалната самоуправа биле насочени во образованието.

Под инвестиции и овозможување на подобро образование г-дине Темелковски не се подразбираат реконструкциите на неколку училишни тоалети, како и дупката која неколку месеци стои ископана во дворот на ОУ Невена Георгиева Дуња (базен во перспектива).

Сериозни инвестиции и сериозно вложување за нашите најмлади значи изградба на нови училишта и градинки. Тоа е она што не го реализиравте вие во целиот ваш мандат. Неколку стотици дечиња сеуште чекаат на ред за да бидат примени во градинка, а вие на секое ваше обраќање се фалите со нова градинка во Драчево која сеуште е далеку од моментот за ставање во функција на истата. За училиштата да не говориме, таму шајка немате заковано повеќе од три години.

Само за потсетување што ВМРО-ДПМНЕ реализираше пред вашето доаѓање:
– Нов училишен објект за ОУ “Рајко Жинзифов – инвестиција во висина од околу 4 милиони евра;
– Новоизградена училишна зграда за основците од ООУ ”Невена Георгиева Дуња”. Инвестиција вредна повеќе од 80 милиони денари;
– Реновиран објектот на ООУ”Кузман Шапкарев”. Инвестиција во висина од 7. 717.000 денари;
– Целосна реконструкција на градинката ЈДГ “8 Mарт”, објект “Пржино”. Инвестиција во висина од 7. 070.000 денари;
– Темелна реконструкција на ПОУ “Кузман Јосифовски Питу” и отворање на првата детска градинка во Црниче “Перуника”, во склоп на ПОУ “Кузман Јосифовски Питу”. Прв јавен објект во Македонија кој се загрева со биомаса. Инвестиции во висина од 14.308.000, денари;
– Отворена првата детска градинка во Припор “Стапалче” со преадаптација на дел од училишниот објект на ПОУ “Круме Кепески” и доградба на нов дел. Целосно реновирање на ПОУ “Круме Кепески” -инвестиција во висина околу 16.000.000, денари;
– Отворена детска гранинка во Пинтија , и уште многу други проекти…..
Вака би требало отприлика да изгледаат сериозни инвестиции градоначалниче во заминување, се друго е груба импровизација која вие ја практикувате повеќе од три години.
Време е за промени во нашата општина, промени кои ќе значат вистинска грижа за потребите на нашите сограѓани и општина која ќе биде сервис на сите, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Го читам Темелковски – творецот на урбанистичкото злосторство во Кисела Вода, како во FB-статус вели дека дупките и…

Posted by Орце Ѓорѓиевски on Понеделник, 25 јануари 2021

Коронавирус