вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 148
home Вести

Ѓорѓиевски: Военото профитирање кое што во моментов се случува во Македонија е за најголема осуда и најстрога казна

Ѓорѓиевски: Военото профитирање кое што во моментов се случува во Македонија е за најголема осуда и најстрога казна

Не можам уште да се изначудам која дезориентираност и воено профитерство се случува во СДСМ и Влада во најголемата криза изминативе децении.

Военото профитирање на грбот на граѓаните е нешто кое што во моментов ни се случува и е за најголема осуда и најстрога казна, но за тоа потоа со институциите.

Го гледам вчера Заев и му се чудам, како лаже со леснотија како да продава пиперки на пазар и става една помалку на купувачот, додека зборува за милионски одлуки кои не се донесени за набавки на респиратори кои за некои луѓе може животот да им го спасат во оваа криза на пандемија.

Како тоа Зоран Заев кој ниту е Премиер, ниту е министер за здравство, ниту пак има било каква функција во Владата, освен претседателската во заминување во партијата кај него, вчера вели дека донесена е одлука на Влада и ќе се набават 50 респиратори за 1.250.000 евра?

Сите знаеме дека таа набавка ја укина и стопираше Владата заедно со Филипче пред повеќе од 10 дена затоа што беа фатени живи во криминал и воено профитерство, каде што требаше тендерот да го земе третата најскапа понуда.

Вчера Заев потврди дека одлука е донесена од Владата за набавка на 50 респиратори и 1.250.000 евра, а одлука никаде од Владата никаде нема. Ниту се знаат понудувачите, ниту сумите, само Заев ни најави која е сумата по која ќе се купат. И толку.

НЕМА ВЛАДИНА ОДЛУКА, А ЗАЕВ СООПШТУВА НА ТВ ДЕКА Е ДОНЕСЕНА ОДЛУКА?
ДАЛИ СТАНУВА ЗБОР ЗА КРИМИНАЛ ОД 1.250.000 евра?

Криминалци. Нема што повеќе да се каже. Народот ќе ве казни за ова воено профитерство, реагира членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

Коронавирус