среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 124
home Вести

Ѓорѓиевски: Во Валандово граѓаните се соочуваат со тешки финансиски проблеми, нема вработувања и владее тага и несреќа

Ѓорѓиевски: Во Валандово граѓаните се соочуваат со тешки финансиски проблеми, нема вработувања и владее тага и несреќа

Денеска заедно со мојот тим сме на средби со граѓаните во Валандово, подоцна продолжуваме во Дојран. Од средбите со нашите граѓани може да се види дека кај нашиот македонски народ владее тага и се чувствува несреќата во нивните лица. Од цела оваа политичка, но и економска состојба моментално во државава може слободно да се каже дека Зоран Заев  како политичар е колективна несреќа за целиот македонски народ и за Република Македонија. Наоѓаме негодувања кај народот и за економскиот дел на политиката каде што јасно се кажува дека не само што СДСМ не го спречи иселувањето на народот, туку напротив народот уште толку се иселува од Република Македонија, порача попладнево Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„Немаме ниту едно вработување во последниов период, особено во овој регион, се соочуваат со сериозни финансиски проблеми во нивните семејства, нашите сограѓани и се плашат дека може да ескалира и понатаму. Од друга страна она што дополнително сериозно ги мачи и ги засега е срамниот и штетен Договор со Грција, кој што го потпиша Владата на Зоран Заев со Владата на Ципрас од Република Грција. Може да се види дека сериозно се негодува од страна на нашиот македонски народ за тој договор и дека не го поддржуваат истиот и се исплашени за катастрофалните последици за нашата држава токму од тој договор.“

Ние како политичка партија го кажавме нашиот став. Нашиот претседател Христијан Мицкоски го повика и Зоран Заев на ТВ дуел, видовме како избегнува Зоран Заев да се соочи со нашиот претседател, претпоставуваме дека една од причините е договорот но останатиот дел од последиците економски кои што ги трпи нашиот македонски народ овде во Република Македонија е дополнителна причина да се плаши да излезе на тој телевизиски дуел со него и токму затоа бега. Ние ќе му порачаме на Зоран Заев дека нема да дозволиме таа колективна несреќа, таа колективна катастрофа која што и ја прави на Република Македонија вечно да трае. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе бидеме сериозна потпора на македонскиот народ, ќе бидеме нивна закрила како во минатото така и сега и заеднички ќе се избориме да го победиме овој режим на Зоран Заев овие притисоци што ги прави на македонскиот народ и еднаш засекогаш да го испратиме како еден од најнеуспешните политичари во историјата на македонската политичка сцена, посочи Ѓорѓиевски.