сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски: Во Скопје царува криминалот на улиците, граѓаните не се безбедни, а полицијата на Спасовски е неспособна да ги заштити

Ѓорѓиевски: Во Скопје царува криминалот на улиците, граѓаните не се безбедни, а полицијата на Спасовски е неспособна да ги заштити

Скопје се претвора во див запад. Криминалот царува на улиците,  граѓаните не се безбедни, а полицијата е неспособна да ги заштити. Видеото кое беше објавено на медиумите, а од кое се гледа како во Аеродром, една од најурбаните населби во Скопје на фреквентна локација неколку лица буквално претепуваат млад човек нанесувајќи му животно загрозувачки повреди е скандалозно и пример за неспособноста и неработењето на МВР, изјави на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„Ваквата бруталност по улиците на Скопје не го вознемирува само Оливер Спасовски и неговите соработници кои што се во коалиција со криминалот. Граѓаните се уплашени од криминалот. Поради неажурноста на Спасовски граѓаните повеќе не се чувствуваат безбедно во нашата земја. Нема населено место  во државата, каде криминалот не е во пораст. Убиства, грабежи, палење на коли станаа за жал наше секојдневие. И ништо од тоа не е разјаснето. Децата и возрасните гинат по улиците. Пред само недела дена припадник на МВР уби и запали човек, а од Спасовски нема никаква одговорност.“

-Наместо да се зафати со зголемување на безбедноста во државата Спасовски си тера кампања за промена на името. Граѓаните од Спасовски не очекуваат да оди по градовите и да агитира за референдумот, граѓаните од него очекуваат да го намали криминалот, кој откако СДСМ е на власт во државата за жал е во пораст. Граѓаните наместо живот добија смрт. Со оваа власт никој повеќе не се чувствува безбеден. Со оваа власт секој живот е загрозен. Токму затоа СДСМ мора час поскоро да си замине. Република Македонија и нашите граѓани заслужуваат подобро, посочи Ѓорѓиевски.

 

 

Најнови вести

Коронавирус