среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 140
home Вести

Ѓорѓиевски: Во Палас се пресметаа два нарко картела кои се директно заштитени од две различни групации во МВР

Ѓорѓиевски: Во Палас се пресметаа два нарко картела кои се директно заштитени од две различни групации во МВР

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија истакна дека изминативе 4 години како Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи наспроти него седи само со криминалци и луѓе од подземјето.

-Сето она што ние го говориме изминатиот период е издржано, и на јавни настапи и на прес-конференции. И нормално дека немаат аргументи со кои би се спротивставиле на тоа. Од друга страна ние не сме нивото, според нив за да настапат наспроти нас затоа што изминативе три ипол четири години откако СДСМ е на власт, конкретно Оливер Спасовски е министер во Министервото за внатрешни работи сосе периодот кога беше технички министер во МВР, покажавме дека нивото на луѓе кои што би седеле наспроти него се луѓе од подземјето, криминалци итн. Тоа не е наше ниво и никогаш нема да биде наше ниво, коментира Ѓорѓиевски.

Во врска со пукањето во „Александар Палас“ тој потенцираше дека јасно се потврдува тезата дека во Република Македонија постои тесна врска помеѓу подземјето и министерството за внатрешни работи.

-Целата македонска јавност знае дека во Скопје има два нарко картела кои што се директно заштитени од две различни групации од министерството за внатрешни работи. Тоа што се случуваше во Александар Палас во 21-ви век е само потврда за сето она што ние го говориме изминатиот период, истакна Ѓеорѓиевски. Во Палас имаше класична пресметка помеѓу две групации штитени од полицијата, едната е Арачиново другата е Грчец, а сега во моментов се гонат оние кои беа мета на ликвидација, а не оние кои што беа напаѓачи, додаде тој.