сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 92
home Вести

Ѓорѓиевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со генерално нови кадри за претстојните парламентарни избори

Ѓорѓиевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со генерално нови кадри за претстојните парламентарни избори

-Денеска по завршувањето на состаноците на телата на нашата партија целата македонска јавност ќе може да видат кои ќе бидат носителите со кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на овие предвремени парламентарни избори, но исто така нормално да ги види кандидатите и понудата со кадар кој што ВМРО-ДПМНЕ исто така ќе ја понуди на нашите граѓани овие предвремени парламентарни избори избори, истакна Орце Ѓорѓиевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во вестите на Телма.

Тој во своето гостување за изборните листи за предвремените парламентарни избори го посочи следново:

-Она што можам да го кажам е дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори за разлика од СДСМ чии листи и нивни носители можевме вчера да ги видиме, ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со сериозна понуда, ќе настапи со генерално нови кадри, со луѓе полни со елан со кои што ќе можат директно да учествуваат и ќе го дадат својот маkсимум за обновата. Нормално откако ќе ја формираме новата влада после 12 април да учествуваат сериозно во креирањето на обновата на Република Македонија.

Коронавирус