петок, 4. декември 2020. Вести денес: 163
home Вести

Ѓорѓиевски: Убеден сум дека Спасовски свесно работел спротивно на закон

Ѓорѓиевски: Убеден сум дека Спасовски свесно работел спротивно на закон

Господине Спасовски,

Ќе си одговарате и ќе си вратите до последен денар сѐ што истрошивте расипнички само за да ја задоволите патолошката желба на вашиот шеф, но и ваша за одмазда кон сите кои не размислуваат како вас.

Тоа што денеска потврдивте дека како прв човек на МВР сте фрлиле ЧЕТИРИ милиони евра за само една година, пари на граѓаните во ветар, никому не му значи ништо. Вашето признание дека цели ЧЕТИРИ милиони евра, за само една година, се истрошени за исплата на штети по тужби поднесени против вас и МВР, не може да биде ниту олеснителна околност.

Судот и истрагата може да ги интересираат мотивите за овој криминал со кој што го оштетивте буџетот, но приоритет ќе биде да ги вратите парите.

На обвинителна клупа ќе објасните кој давал налози за да се делат решенија спротивно на закон и кој одобрувал или не одобрувал прекувремени работни часови.

Искрено јас сум убеден дека свесно сте работеле спротивно на законот и сте знаеле дека МВР ќе ги загуби споровите, но тоа не ве засегало бидејќи парите за исплата на штетите не се ваши. Верувам дека и соучесниците кои ви помагале во злоупотребата на службената положба ќе потврдат дека вие сте најодговорен за штетата од ЧЕТИРИ милиони евра.

Правда мора да има во Македонија и таа ќе дојде по 12 Април.
Верувам дека вашите соработници со кои отворавте бензински пумпи и им доделувавте лиценци за технички прегледи ќе имаат разбирање и ќе ви помогнат да ги надоместите штетите, се вели во Фејсбук статусот на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус