недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски: Темелковски само се слика, а граѓаните патат

Ѓорѓиевски: Темелковски само се слика, а граѓаните патат

За да не биде дека Орце и ВМРО – ДПМНЕ лажат, шпекулираат и изнесуваат лаги и невистини, денес на градоначалникот во заминување Темелковски, 🤳инфлуенсерот наш кој обожава да се слика и да прави шоу кога работи нешто, му донесов асфалт за кој е уредно утврдено со колкава дебелина треба да се постави, односно согласно нормите за асфалтирање, минималната дебелина треба да е 7цм и асфалт кој што го поставува тој со дебелина како чаршаф, чисто јавноста да види колку тој ги краде и како не треба да се работи.

Му донесов и метро, да измериме и да бидеме уште поубедливи, за утре да не рече дека повторно измислуваме.
🛣️ Имено, асфалтот поставен на ул. ,,Нагоричанска” во Драчево, реконструирана нешто повеќе од 2 месеци и асфалтот на неа кој вчера лично со раце го искорнав е 3,5цм, значи дупло помалку од пропишаната дебелина.

Понатаму, ул ,,Мариовска” за која исто се фалеше и сликаше има асфалт со дебелина од 3цм, што е уште поочаен од онаа во Драчево.

Прашањето до Темелковски е дали за овие реконструирани улици, беше изработен проект што е обврска согласно законот и кој надзор го одобри ова откако беа завршени тие улици и каде завршија половина од парите кои што беа наменети за реконструирање и се исплатиле овие 2 улици?

Ова е класичен грабеж на парите на нашите сограѓани од Кисела Вода.

Коронавирус