недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски: Спасовски и Заев го наградуваат Котевски во чиј мандат најбрутално беа нападнати Ристовски и Јанакиевски? 

Ѓорѓиевски: Спасовски и Заев го наградуваат Котевски во чиј мандат најбрутално беа нападнати Ристовски и Јанакиевски? 

Во Македонија владее криминалот, а МВР е целосно блокирано заради политизацијата и непрофесионалното раководење од страна на министерот Оливер Спасовски, обвинува Орце Ѓорѓиевски-член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо почитување на системот на кариера и стимулирање на професионалците во министерството, полицијата се партизира и парализира целосно со кадри блиски до Спасовски. Партискиот октопод на Спасовски во МВР од неодамна доби уште еден крак. Тоа е функционерот на СДСМ од Бутел Ѓорѓи Котевски, добро познат на јавноста како поранешен директор на истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари. Ѓорѓи Котевски е вработен во МВР на позиција Виш полициски советник за меѓународна соработка. Ѓорѓи Котевски со решение на Спасовски станува, ни помалку, ни повеќе, трет човек во хиерархијата на Бирото за јавна безбедност. Ѓорѓи Котевски нема ниту ден работно искуство во полиција, но затоа ќе има под него илјадници полициски службеници кои кариерата ја граделе макотрпно, секојдневно ризикувајќи ги сопствените животи.Ова не е само уште едно обично партиско вработување, ова е целосно поигрување со системот и негово целосно подривање.Ѓорѓи Котевски ќе има преку 1000 бодови и ќе зема плата од околу 45. 000 денари, а човекот е приправник во МВР, вели Ѓорѓиевски.

Тој прашува: Кои се квалификациите заради кои Котевски е примен на оваа функција?

-Дали е тоа неговата кариера во една фурна во Скопје? Дали е тоа неговиот придонес како претседател на општинската организација на СДСМ во Бутел или пак Спасовски и Заев го наградуваат затоа што за време на неговиот мандат најбрутално беа нападнати и претепани Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски? Човекот имаше катастрофални резултати како директор на затворот во Шуто Оризари и поради истите катастрофални резултати како што знае целата македонска јавност истиот беше приндуен да  си даде оставка, но очигледно тоа не е проблем за Оливер Спасовски да му довери трета по ранг функција во хиерархијата на БЈБ. Господине Спасовски, престанете да го уништувате МВР, додека не е предоцна. Повлечето го решението и престанете да ги шиканирате професионалците за сметка на вашите партиски послушници. За штетата која што ја правите секојдневно во МВР за многу скоро ќе има одговорност, порача тој.