вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 72
home Вести

Ѓорѓиевски: Спасовски го третира МВР како партиски огранок на СДСМ, само што штетата ја плаќаме сите и со нарушената безбедност и со парите на државата

Ѓорѓиевски: Спасовски го третира МВР како партиски огранок на СДСМ, само што штетата ја плаќаме сите и со нарушената безбедност и со парите на државата

Оливер Спасовски е скоро три години на чело на МВР, а нема реализирано ниту една поголема акција за заплена на наркотици или сузбивање на насилен и организиран криминал, ова денеска на прес-конференција го истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Убиствата, запалените автомобили и грабежите станаа редовна појава во Македонија, а полицијата е парализирана заради политичките преместувања во службата. Спасовски врши чистка во МВР и ја партизира службата. Спасовски ги крие податоците за процентот на реализација на кривичните дела, но затоа  повикува долгогодишни професионалци кои со усна наредба се  шиканирани и прераспоредувани, па сега ги  принудува сами да се деградираат и да потпишат да бидат спуштени на пониско ниво во хиерархијата во службата. Имаме сознанија дека 24 припадници на полицијата во изминативе неколку дена се подложени на тортура за да се самодеградираат. Уценети се сами да бараат прераспоредување на пониско ниво или како што им кажувале ќе виделе што ќе им се случи, додава Ѓорѓиевски.

Тој истакнува дека Спасовски го третира МВР како партиски огранок на СДСМ, само што штетата ја плаќаме сите и со нарушената безбедност и со парите на државата кои ќе треба да ги исплати за незаконските, политички смени и одлуки.

-Имено ако во 2018 година бројот на тужби на вработени кон МВР по разни основи изнесувал  1200, само за првите 5 месеци во 2019 година бројот на тужби изнесува дури 3500. Тоа е скоро 1/3 од вработените во МВР. Кој ќе сноси одговорност за ова? Колкава ќе биде штета што ќе треба да се исплати од Буџетот на Република Македонија, заради личните хирови на Спасовски? Спасовски и Заев  ја понижија полицијата и за тоа мора да има одговорност. Спасовски и Заев мора да си заминат. Ова е вистински режим и тој треба час поскоро да биде сменет. Апелираме до полициските професионалци кои се под закана ги охрабруваме да не подлегнат на притисоците, да побараат правна заштита и да ги документираат незаконските постапки на Спасовски. Одговорност ќе има кога ќе се врати правната држава, вели Ѓорѓиевски.

Коронавирус