сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Вести

Ѓорѓиевски: Со обновата ќе ја започнеме борбата за достоинство на секое семејство во Македонија како основна клетка на општеството!

Ѓорѓиевски: Со обновата ќе ја започнеме борбата за достоинство на секое семејство во Македонија како основна клетка на општеството!

Денеска заедно со Петар Ристески го посетивме семејството Алексоски од Прилеп. Семејство на малиот Матеј, дете полно со живот и радост, дете кое како и сите други деца го сака животот. За жал, власта нема слух за неговото семејство кое е без сопствен дом и основни услови за живот, како и за многу други вакви семејства низ Македонија, напиша Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

-Ерозијата на општеството како резултат на владеењето на оваа криминална власт, го спречува Матеј, како и многу деца како него да го живеат детството со полни гради. Со обновата ќе ја започнеме борбата за достоинство на секое семејство во Македонија како основна клетка на општеството!