петок, 30. септември 2022. Вести денес: 161
home Вести

Ѓорѓиевски: СДСМ потроши 9 месеци во луксузирање на нивните функционери, а економијата ја води во ќорсокак

Ѓорѓиевски: СДСМ потроши 9 месеци во луксузирање на нивните функционери, а економијата ја води во ќорсокак

 СДСМ веќе девет месеци е на власт во Република Македонија, девет месеци кои се поминати во политиканство, комодитет и луксузирање на нивните функционери. Наспроти тоа немаат ниту еден капитален проект и ниту една капитална инвестиција, изјави во емисијата Алфаскоп на Телевизија Алфа, членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

– Во времето на ВМРО-ДПМНЕ имаше инвестициски бум во Република Македонија. Имаше отворање на повеќе од 170.000 нови работни места. Имаше реконструкции на мостови, изградба на автопати, локални и регионални патишта, реконструкција на болници,  изградени нови училишта, спортски сали. Во Република Македонија имаме реконструирано и новоизградени преку 400 училишта, вели Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека за време на СДСМ не може да се забележи такво нешто, туку има само презадолжување, луксузирање од страна на функционерите на СДСМ и ниту една капитална инвестиција или капитален проект.

–  И оние инвеститори кои што беа дојдени во Република Македонија се со цел да отворат нови работни места во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, сега изминатиов период сме сведоци дека ја напуштаат Република Македонија, односно ги затвораат тие работни места. Што значи на долг рок гледано економијата води во ќорсокак, вели Ѓорѓиевски.

Во врска со погрешните политички процеси на СДСМ изминатиот период како и преголемите задолжувања тој вели дека е дојден е моментот СДСМ да ги плати фактурите кои претходно ги има ветено спрема некого и во тие фактури спаѓа и интересот на Република Македонија, но и државата и нејзините интереси како држава.

Коронавирус