среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 77
home Вести

Ѓорѓиевски: СДСМ на штета на сопствениот народ ги исполни ветувањата кон соседите

Ѓорѓиевски: СДСМ на штета на сопствениот народ ги исполни ветувањата кон соседите

СДСМ тргајќи го името од аеродромот кое не правеше сите нас горди на ова мало парче земја, покажаа дека се луѓе од збор. Но, не за својот народ, туку за сите останати кои ја сакаат Македонија на колена. Се што им ветија на нашите соседи, иако на штета на сопствениот народ, исполнија, пишува нас војот ФБ профил Орце ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Нема што, луѓе од збор. Да се промени името на аеродромот Александар Велики, само затоа што нашите јужни соседи не сакале да слетуваат на аеродромот додека го носи гордо името на нашите историскипредци и сакајќи да го избришат од колективната меморија тој историски податок е крајно поданички потег, кој го прави единствено Влада која не е наклонета кон своите граѓани, пишува Ѓорѓиевски.

Да рушиш споменици на истакнати дејци од македонската историја во стилот на ИСИС и Талибанците, додава Ѓорѓиевски, само затоа што тоа го барале нашите источни соседи кои имаат сомнителни намери за нејасно толкување и присвојување на нашата историја е само уште еден показател дека се подготвени и по своите корени да “плукнат”, само за да ја задржат слатката власт, која набргу ќе почне да им горчи.

-Ама зборот не важи за нашите сограѓани. Ги нема ветените 500 евра плата, ги нема ветените нови вработувања, немале магично стапче да го решат загадувањето, нема нови проекти, се фалат со инвестиции и проекти од претходната Влада на ВМРО, нема живот за вработените на ФЕНИ, ЕУРОКОМПОЗИТ, КОЛСКА, нема 100.000 денари за лекарите, едноставно нема ништо што ветија. Од аеродромот Александар Велики единствено ќе останат сликите кои ќе сведочат за една нација која била горда за момент сама на себе си и на својата историја. Од сега натака ништо не е повеќе исто, пишува Ѓорѓиевски.

Коронавирус