среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски: Правдоубиецот Заев конечно е на колена, ако не е достоинствен во владеењето, барем нека биде во заминувањето

Ѓорѓиевски: Правдоубиецот Заев конечно е на колена, ако не е достоинствен во владеењето, барем нека биде во заминувањето

Народот вчера излезе масовно и покажа дека Зоран Заев и неговите политики се пред неминовен пораз на 12 април, ова денеска преку прес-конференција го истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Правдоубиецот Заев конечно е на колена. Народот покажа дека веќе не му верува и не му се плаши. Сите го видоа неговото лице, сите видоа дека тој е главата на мафијашкиот октопод, дека тој е човекот кој договарал одлуки на судот и координирал обвиненија, како и активности на обвинителството. Сега на сите им е јасно дека со Заев нема ниту правда, нема ниту мир, затоа што тој контролирал и координирал се, почнувајќи од политичкиот прогон на неистомислениците, па се до заштитата на корупцијата, заштита на рекетот и заштита криминалот на својата власт. Луј Витон власта на Заев ги создаде Луј Витон куферите полни со милиони, но и Луј Витон судството кое е последниот бастион за заштита на неправдата, на мафијата и на Заевизмот. Народот одлучно кажа дека ќе го порази лицемерието на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите обиди за постојано себе-амнестирање за криминалите. Правото и правдата мора да завладеат во Македонија. Првиот чекор кон тоа е покренување на истрага за злоупотреба на службената должност од страна на Зоран Заев кој постојано се меша во обвинителски и судски постапки, и одлуки на Врховниот суд. Тоа ќе го направат обвинители во кои ќе има доверба експертската јавност како гаранција за непристрасност и независност, вели Ѓорѓиевски.

Тој додава дека второ, итна и неодложна ревизија на работата на Врховните судии без исклучок и ревизија на нивните одлуки. Таму каде што има неправилности ќе има оставки и одговорност пред законите.

-Трето, итна реформа на Советот за реформи во правосудството со меѓународна експертска помош, затоа што таму кај што Заев замешал прсти, таму нема правда, а нема ниту чесни намери. Јасно е дека паѓа Заев и дека ова негова влада е во заминување. Заев и СДСМ нека не го отежнуваат заминувањето и да не застанат пред патот на волјата на народот. Ако не беа достоинствени во владеењето, нека бидат барем во заминувањето. Обновата доаѓа. Народот доаѓа по правдата и напредокот и никој не може да им застане на патот. Доаѓа и катастрофалниот пораз на Заев и Луј Витон судството на 12 април, вели Ѓорѓиевски.

Коронавирус