понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски: Ова затворање на македонското прашање што вие го нарекувате договор за мене е спогодба

Ѓорѓиевски: Ова затворање на македонското прашање што вие го нарекувате договор за мене е спогодба

Вие во доста еуфорична атмосфера оваа завршница ја претставувате. Ова затворање на македонското прашање што вие го нарекувате договор за мене е спогодба. Бидејќи договор е многу повисок акт кој има право да го потпише само Претседателот на државата, не и министрите.

Меѓутоа спогодбата ја применивте како договор, појасни Зоран Ѓорѓиевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ при заседавање на седницата Собрание на Република Македонија за интерпелација на Димитров. Ѓорѓиевски образложи дека без обѕир што оваа спогодба беше отфрлена на референдумот на 30-ти септември и таа еуфорија која се трудите да ја прикажете кај вас, која ние како граѓани на Република Македонија сме ја виделе после референдумот во 91-ва година.

Не ја видовме таа еуфорија нити после референдумот на 30-ти септември, нити после вашето изгласување. Мене ми е јасно дека ги браните ставовите бидејќи сте соучесник во целиот овој проект на обезименување и обезличување на Република Македонија. Свесни сме дека мора вака да се однесувате меѓутоа, жал ми е како млад човек да не сте свесни дека целиот овој проект е извршен благодарение на трети центри, посочи Ѓорѓиевски.

Коронавирус