недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 98
home Вести

Ѓорѓиевски од Прилеп: Како што имаа волја и дух нашите предци да се спротистават на фашистите, така ние сега имаме обврска да се спротивставиме на ненародната власт на Заев

Ѓорѓиевски од Прилеп: Како што имаа волја и дух нашите предци да се спротистават на фашистите, така ние сега имаме обврска да се спротивставиме на ненародната власт на Заев

Денеска заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска , претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп Петар Ристески и ОК Прилеп, положивме свежо цвеќе пред споменикот на првиот претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто, во неговиот роден град Прилеп, како и на споменикот на Кузман Јосифоски – Питу и на Могилата на непобедените над градот.

Прилеп е градот кај што 11 октомври има најголема симболика. Од овде е Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, како и многу друго херои од народно ослободителната војна.

Овде во Прилеп револуционерниот дух, желбата за слобода и македонскиот непокор се чувствуваат во секој еден прилепчанец од 7 до 77. Тој дух живее во македонецот и е одразен и во желбата за подобра Македонија.

Тешко беше да се борат против навидум надмоќен непријател како земјите на Оската, но македонскиот народ ја одбра вистинската страна, страната на Сојузниците, на Британија, САД и СССР. Македонија во 44-та доби слобода како последица на храброста на младите и непокорни прилепчани од 11 октомври 41-та.

Како што имаа волја и дух нашите предци да се спротистават на фашистите, така ние сега имаме обврска да се спротивставиме на ненародната власт на Заев и на неговите луѓе кои ја ограбуваат Македонија.

Нека ни е вечна Македонија. Вечно нека живее во нас волјата на Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, на сите знајни и незнајни јунаци кои се кренаа против тираните на својот народ, напиша на својот Фејсбук профил членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

Коронавирус