четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 113
home Вести

Ѓорѓиевски: Ново убиство, а Спасовски наместо да го чува јавниот ред и мир оди по партиски митинзи

Ѓорѓиевски: Ново убиство, а Спасовски наместо да го чува јавниот ред и мир оди по партиски митинзи

Ново убиство во Рашче, според најновите информации усмртено е едно лице од огнено оружје од кое е пукано од возило со бугарски регистарски таблички. Македонија се повеќе наликува на некое воено жариште, а не на држава во Европа. Спасовски наместо да го чува јавниот ред и мир оди по партиски митинзи, обвинува Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Полициски инспектори, наместо во расчистување на крвни деликти и обезбедување на безбедноста се во првите редови на митинзите на Пендаровски. Заев, Спасовски и Пендаровски мора да одговорат дали полицискиот службеник Елхам Шкрета, кој го нарече Заев икона, бил на работа како полицаец и во исто време се појави на партиски митинг на Пендаровски? Зошто Јовче Ременски и останатите полициски службеници наместо да го чуваат јавниот ред и мир се во првите редови на митинзите на СДСМ? Ова ли е професионализацијата која ја ветуваше господине Заев, прашува Ѓорѓиевски.

Тој обвинува дека власта е избезумена и во страв ја злоупотребува полицијата за да ги шиканира граѓаните.

-Наместо да брка криминалци, полицијата брка недолжни граѓани. Пендаровски знае дека ќе изгуби и во вториот круг и затоа вчера во Градско Спасовски пушти полициски службеници кои казнувале членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ без никаква причина. Во текот на вчерашниот ден две возила на сообраќајната полиција и неколку инспектори во цивилка извршиле буквална опсада на Градско и изрекле преку 100 казни за нивните возила. Полицијата буквално им влегувала по куќи на граѓаните и ги казнувале за возилата паркирани пред домовите на луѓето или пак во самите дворови, барани им се сообраќајни и им се прегледувани возилата. Без причина, само затоа што се членови на ВМРО-ДПМНЕ. Од тука ќе испратам јасна порака. ВМРО-ДПМНЕ го осудува злоупотребувањето на власта, полицијата не смее да служи како алатка за притисок. Одговорност за ова, како за наредбодавачите, така и за директните извршители мора да има, рече тој.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ порача: Ниту една закана, уцена или притисок нема да ги исплашат нашите граѓани, идат подобри времиња.

-Гордана Силјановска Давкова, е идната претседателка на Македонија која ќе донесе право и правдина. Таа е почетокот на промените и враќањето на демократијата во Република Македонија, порача тој.