среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Вести

Ѓорѓиевски: Несериозниот однос на власта со ОХИС го зема својот данок, истечена е високо опасна материја која е смртоносна

Ѓорѓиевски: Несериозниот однос на власта со ОХИС го зема својот данок, истечена е високо опасна материја која е смртоносна

Несериозниот однос на власта со ОХИС како и со се останато во Македонија го зема својот данок. Истечена е високо опасна материја која е смртоносна.

Како советник во Советот на општина Кисела Вода ја повикувам општината на чело со Филип Темелковски и владата на чело со Зоран Заев веднаш да преземат неопходни мерки да го заштитат населението.

Ваквата катастрофа е причинета токму од нив и нивниот несериозен однос.

Исто така јавно повикувам како координатор на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ – вонредна седница на советот на општина Кисела Вода .

Мораме со сите средства да ги заштитиме нашите граѓани!

Одговорност за ова мора да има, напиша на својот Фејсбук профил членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.