сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 11
home Вести

Ѓорѓиевски: На повидок уште еден скандалозен и сомнителен договор- Дали АД ЕЛЕМ работи за интересите на СДСМ наместо за граѓаните?

Ѓорѓиевски: На повидок уште еден скандалозен и сомнителен договор- Дали АД ЕЛЕМ работи за интересите на СДСМ наместо за граѓаните?

Дали е на повидок уште еден скандалозен и сомнителен договор во АД ЕЛЕМ? Зошто раководството на АД ЕЛЕМ наместо да спроведе транспарентна и редовна постапка се одлучи за склучување на милионски договор во четири очи? Имено раководството на АД ЕЛЕМ склучи договор за ангажирање на работници за потребите на РЕК Битола по пат на непосредна спогодба со фирмата СВ-Инвест, во висина од 21 милион и 240 илјади денари, фирма чиј сопственик според нашите информации е близок пријател на директорот на РЕК Битола, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-Имено според информациите со кои располагаме со оваа услуга СВ-Инвест ќе наплаќа 197 денари од час, додека порано истата услуга била вршена и за 120 денари од час. Што се смени во меѓувреме па цената на истата услуга одеднаш порасна за 77 денари?  Информациите велат дека СВ-Инвест од парите добиени за час работа за вработените на работниците им дава 97 денари од час. Раководството на АД ЕЛЕМ треба да одговори и да каже на кој начин ги троши парите на граѓаните. Дополнителен сомнеж отвора фактот што покрај постапката во четири очи е водена и транспарентна јавна постапка. Но, истата откако договорот го добива фирмата СВ-Инвест е поништена, рече Орце Ѓорѓиевски и додаде:

„Раководството на АД ЕЛЕМ треба да одговори зошто спроведува двојни постапки и зошто наместо по пат  на транспарентна и редовна постапка, каде што постои конкуренција и судир на понуди  склучува договори во четири очи? Дали АД ЕЛЕМ работи за интересите на СДСМ наместо за граѓаните и за Република Македонија?  Завршуваат ли милиони државни пари од сомнителни зделки во четири очи во нечиј џеб, наместо истите да се трошат на нови инвестиции? Неспособната и криминална власт на СДСМ се однесува расипнички со парите граѓаните, работејќи исклучиво за интересите на врхушката на нивната партија. Оваа ненародна власт мора што поскор да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро, Република Македонија заслужува подобро“.

Коронавирус