вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 160
home Вести

Ѓорѓиевски: МВР под раководство на Спасовски наместо за граѓаните работи за криминалците- улиците ни се претворени во боишта

Ѓорѓиевски: МВР под раководство на Спасовски наместо за граѓаните работи за криминалците- улиците ни се претворени во боишта

Скопје е небезбеден град, а секоја вечер родителите се исплашени како ќе се вратат нивните синови и ќерки. Убијците кои извадија автоматско оружје и пукаа, токму на ова фреквентно место се шетаат слободни. Слободен се уште се шета и убиецот кој пред десет месеци ладнокрвно, на сред улица го ликвидираше младиот фудбалер Мартин Јанушев. Помина цела недела, а јавноста нема информации ни каде се убијците, ни кои се, ниту зошто го сторија бруталното убиство. МВР е целосно инертно. МВР под раководство на Оливер Спасовски наместо за граѓаните работи за криминалците.

Ова го истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред точно една недела, овде среде Скопје на улица „Рузвелтова“ со испукани над 25 куршуми од калашников од возило во движење, две лица беа брутално убиени. Самиот факт што некој се осудил во сред центар на град на фреквентна локација да пука покажува дека безбедносната состојба во државата ни е сведена на  нула. Вистинска среќа е што нема и други жртви, случајни минувачи, бидејќи како што гледате се работи за едно место каде постојано се движат млади луѓе, рече тој и додаде:

„Улиците ни се претворени во боишта. Грабежи, тепачки и убиства станаа наше секојдневие. Никој не се чувствува сигурен повеќе по улиците на Скопје. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека е нарушена безбедноста, а Оливер Спасовски го злоупотребуваше МВР за да ја лаже јавноста преку соопштенија дека тоа било само во главите на опозицијата. Ги лажеше граѓаните, а сега неговите лаги се плаќаат со човечки животи. Превенцијата не постои. МВР нема никакви оперативни информации. Сите знаат за криминалот низ градот, а Спасовски спие. Зошто дозволи Спасовски мафијата да стане толку силна и да се чувствува моќно да вади оружје и да пука на најфрекфентните улици?“.

Наместо Република Македонија да оди напред, подвлече Ѓорѓиевски, неспособното и корумпирано раководство на МВР не враќа 30 години назад, време кога во Белград, Србија, царуваа клановите, а луѓето се плашеа да излезат на улица.

-Ова што го живееме не се европски стандарди, ова се мафијашки стандарди. За ова мора и ќе има одговорност. Не може луѓе да се убиваат по улици, а никој да не сноси одговорност за тоа. Спасовски мора да сноси одговорност, но и да одговори, дали жртвите се блиски до еден член и активист на СДСМ кој напаѓаше опозициски политичари, а дали зад целиот случај дали има инволвираност и на лица од државната безбедност? Оливер Спасовски, збогум! Дадете си оставка додека не е предоцна. Македонија ќе победи.

Најнови вести

Коронавирус