четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Вести

Ѓорѓиевски: Министерот Бесими јавно призна дека Република Македонија е пред финансиски колапс

Ѓорѓиевски: Министерот Бесими јавно призна дека Република Македонија е пред финансиски колапс

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Заспиј ако можеш” гостуваше организациониот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во државата, криминалните афери на власта, како и на лошите мерки во однос на економијата.

Ѓорѓиевски потенцираше дека македонската економија е клекната на колена и на многи мали и средни бизниси им се гледа крајот, само поради неспособноста на власта предводена од СДСМ. Тој додава дека и министерот за финансии, Фатмир Бесими денес дал изјава со која што ја потресол македонската јавност, бидејќи јавно признал дека економската ситуација е катастрофална.

“Фатмир Бесими денес упати апел до уставните судии да размислат во однос на утрешната одлука, бидејќи доколку не ги испочитуваат неговите барања, односно ако не угодат на плановите на Бесими, тогаш Република Македонија ја очекуваат навистина црни сценарија во однос на економската ситуација во државата. Замислете, министерот за здравство јавно признава дека економијата е колабирана, а државата е задолжена до гуша”, истакна Ѓорѓиевски.

-Неколку месеци наназад ВМРО-ДПМНЕ укажуваше на лошите економски политики на Владата, но оттаму немаше повратна реакција за да се побара помош од кадрите кои ВМРО-ДПМНЕ ги има за да се помогне во таа ситуација. Република Македонија е задолжена над 1.300.000.000 евра, а Бесими јавно признава дека државата е пред финансиски колапс и се заканува на судиите да размислат за своите постапки, додава Ѓорѓиевски.

-Јасно е дека СДСМ ја клекна државата на колена гледано од секаков аспект, независно дали се работи за економија, здравство или било кој друг сегмент. Чесно е СДСМ да се соочи со реалноста и да ја препушти државата на искусни и чесни политичари кои со чесна намера ќе работат за доброто на државата, наместо да продолжуваат да ја урнисуваат и понижуваат на секаков начин, заврши Ѓорѓиевски.

Најнови вести

Коронавирус