сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 10
home Вести

Ѓорѓиевски: Каде завршуваат 13 милиони од 21 милионскиот договор склучен во четири очи помеѓу РЕК Битола и СВ – Инвест?

Ѓорѓиевски прашува дали од 21 милионскиот договор, само 8 милиони завршуваат кај работниците?
Ѓорѓиевски: Каде завршуваат 13 милиони од 21 милионскиот договор склучен во четири очи помеѓу РЕК Битола и СВ – Инвест?

До нас стигнаа информации кои покажуваат како се вршеле исплатите на работниците ангажирани преку СВ-Инвест за потребите на РЕК Битола, вели Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-РЕК Битола треба да каже дали се веродостојни овие документи, кои кажуваат дека претпријатието плаќа една сума, а работниците земаат далеку помала сума. Власта треба да одговори каде завршуваат околу 2/3 од парите од 21 милионскиот договор за ангажирање на работници, склучен во четири очи помеѓу РЕК Битола и СВ – Инвест? Дали наместо кај работниците, околу 2/3 од парите наменети за ангажирање на работници завршуваат во нечии приватни џебови? Според информации кои доаѓаат до нас СВ-Инвест која со РЕК Битола има склучено договор за ангажирање на работници по цена од 197 денари од час по работник, на работниците им исплаќа само по 75 денари од час. Или тоа е 1/3 од парите кои ги добиваат по работник. Овие уплатници го потврдуваат токму она за што говориме. На оваа уплатница стои сумата која што еден работник ја земал во текот на еден работен месец, рече тој.

Ѓорѓиевски прашува дали од 21 милионскиот договор, само 8 милиони завршуваат кај работниците?

-Во чиј џеб и за која намена завршуваат над 13 милиони денари?  Дали токму ова е причината поради која е поништена транспарентна и редовна постапка за ангажирање на работници и е склучен 21 милионскиот договор во четири очи со фирмата СВ – Инвест? Власта не смее да бега од одговори. Тука не се работи за парите на фирмите на Заеви или Анѓушев, ова се пари на нашите граѓани, ова се пари на граѓаните на Република Македонија. Нашите граѓани имаат право да знаат каде и како се трошат нивните пари. Парите на граѓаните не смеат да бидат злоупотребувани. Нашите граѓани мора да знаат каде завршува секој еден денар, посочи тој.

Коронавирус