недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Ѓорѓиевски: ЈО и ДКСК да отворат истрага – Дали приватна фирма му го платила одморот од 4000 евра на Лазе Велковски и дали затоа знаел и Спасовски?!

Ѓорѓиевски: ЈО и ДКСК да отворат истрага – Дали приватна фирма му го платила одморот од 4000 евра на Лазе Велковски и дали затоа знаел и Спасовски?!

Аздисаноста на кадрите на Зоран Заев на челни позиции во МВР оди на штета на народот. Постојат серозни сомненија дека Лазе Велковски од позиција на началник на организиран криминал при МВР извршил кривично дело примање поткуп и на сметка на приватна фирма бил на одмор во Охрид во времетраење од цели два месеци.
Според информациите кои ги објавија медиумите Велковски во период од 20.07.2020 година до 10.09.2020 година престојувал во Охрид во приватна вила, каде ден чини 90 евра, а целиот одмор бил платен 4000 евра.
Која е причината приватна фирма да го плати одморот за Лазе Велковски?! Лазе Велковски не е обичен граѓанин, туку е началник на организиран криминал и корупција?!, изјави денеска за медиумите Орце Ѓорѓиевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Доколку на истиот приватна фирма му го платила одморот е извршено кривичното дело примање на поткуп од чл.357 од КЗ според кој е предвидена казна затвор од 1 до 10 години. Постојат сомнежи согласно написите во медиумите дека кривично дело во случајов е извршено и од страна на фирмата која му го плаќа одморот на Лазе Велковски, односно истата понудила поткуп, што е исто така казниво согласно чл.44 од КЗ. Со што Лазе Велковски заслужил приватна фирма да му ги плати трошоците за одмор во висина од 4000 евра?! Дали Велковски извршил активности спротивно на закон и со тоа си го обезбедил одморот?! МВР е сериозна структура која работи по принципот на строга хиерархија и субординација, оттука се поставува прашањето дали за ваквите негови активности знаел и Оливер Спасовски и дали тој премолчел или можеби учествувал во истите?!, вели Ѓорѓиевски.

-Очекуваме ДКСК и ЈО веднаш да отворат случај. Ова е огромен скандал за кој мора да има разрешница.
Според написите Велковски не застанал тука, злоупотребите ги продолжил и со користење на службено возило за приватни потреби исто така во времетраење од 2 месеци.Се поставува прашањето дали со тоа е извршено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од КЗ?! Велковски со оваа активност го оштетил и буџетот на Република Македонија со тоа што со службеното возило кое го користел приватно причинил сообраќајна незгода. Одговорност за ова се уште нема, потенцира тој.

Бараме Оливер Спасовски најитно да го разреши Велковски, а органите на прогонот да продолжат со постапките за утврдување на негова кривична одговорност. Дополнително одговорноста не смее да застане со разрешувањето на Велковски. Потребно е Оливер Спасовски да си поднесе оставка и да дозволи органите на прогонот да го испитаат целиот случај и за негова евентуална вмешаност во истиот.Криминалот, мафијата и владата кои се едно исто во Република Македонија мора да паднат. Заев и СДСМ не се решение на нашите проблемот, туку тие се проблемот во Република Македонија, завршува Ѓорѓиевски.

Коронавирус