понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 133
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Ѓорѓиевски: Граѓаните си одат од Македонија бидејќи ништо не функционира, не само поради финансиските проблеми

Ѓорѓиевски: Граѓаните си одат од Македонија бидејќи ништо не функционира, не само поради финансиските проблеми

Државата назадува на секое поле, истакна членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски во своето гостување во телевизија Алфа.

Тој посочи дека граѓаните со кој се среќава се во голема мера разочарани од оваа власт, но најголем проблем е иселувањето.

Причината според граѓаните е многу повеќе од финансиските проблеми.

-Мора да го доловиме моментот на реалност во Република Македонија. Секаде по терен граѓаните кои што генерално се разочарани од оваа Влада го споменуваат прашањето околу отселувањето и тоа е проблем кој што не се решава преку ноќ како што ветуваше СДСМ и не може ние утре преку ноќ да го решиме, може сериозно да работиме да се спречи или да се намали. Кој е главниот момент односно теза на граѓните. Граѓаните не бегаат условно кажано поради финансиите во најголем дел. Бегаат поради состојбите во кои се наоѓа државата и состојвите кои што се внатре во министерствата. Конкретно граѓаните во Република Македонија не се чувствуваат безбедно на улица, тоа е проблем. Граѓаните во Република Македонија велат доколку влеземе во било која болница здрав ќе се разболеме, а камо ли да најдеме решение, вели Ѓорѓиевски.

Коронавирус