понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 26
home Вести

Ѓорѓиевски: Граѓаните категорично не го поддржуваат капитулантскиот договор со Грција

Ѓорѓиевски: Граѓаните категорично не го поддржуваат капитулантскиот договор со Грција

Денеска како тим од ВМРО-ДПМНЕ сме во Прилеп со Прилепчани. Во рамки на нашите активности остваруваме постојани средби со граѓаните ширум Македонија, така и денес дојдовме овде во Прилеп. Како во поголемиот дел од Република Македонија така и овде се чувствува како народот е потиштен. Се чувствува како народот е исплашен и како освен беспарицата и економската немоќ ги тишти уште повеќе проблемот со Договорот со Грција и нивниот став односно мислењето за референдумот. Категорично не го поддржуваат, изјави при денешната посета на Прилеп Орце Ѓорѓиевски член на ИК на ВМРО- ДПМНЕ и додаде:

„Можевме денеска од средбите да забележиме дека речиси ниту еден од граѓаните овде во Прилеп не го поддржува тој срамен, капитулантски договор со Република Грција. Сметаме дека евидентно е исходот каков ќе биде по ова што го гледаме од граѓаните овде во Прилеп, не е ништо поразлично од останатите делови од Македонија. Треба да се фокусираме заеднички така викаат и граѓаните, вака лошо до овој степен во Република Македонија не било никогаш. Треба заеднички да се фокусираме со сите нив, заеднички да го победиме ова зло, ова колективна несреќа којашто се случува во Република Македонија. Колективна несреќа е би рекол Зоран Заев, и за македонскиот народ, но и за државата. Ајде што ни ја урнисаа државата на внатрешен план, ни ја урнисува и на надворешен план. Како никогаш Македонците не биле волку понижени и волку обесчестени како што се сега.“

Ѓорѓиевски потенцираше дека стравот и паниката кај народот ја предизвикуваат јуришниците на СДСМ.

-Ние видовме пред некој ден како лидерот на владата, Зоран Заев повика за мито во приватниот сектор како да се подмитуваат македонските граѓани се со цел да се натераат на 30 да излезат на референдумот и да го подржат ова што тој го прави, а не е добро за државата. Од друга страна исто видовме и една несреќна изјава би рекол на министерот Оливер Спасовски којшто исто така во една позавиена форма се закани на целиот македонски народ. Дури се закани и до степен што порача да внимаваат што ќе пишуваат и што ќе постираат на своите фејсбук профили. Така што ние слободно ќе им порачаме на македонските граѓани дека не се сами. Ни сме биле заштита на македонскиот народ како ВМРО-ДПМНЕ во минатото, заштита сме сега и заштита ќе останеме. Слободно било каков притисок, за било какво притискање од страна на челниците и јуришниците од социјалдемократскиот сојуз према нив може да се обратат до нас. Ние достоинствено ќе ги заштитиме како што тоа било случај во минатото, додаде Ѓорѓиевски.

Коронавирус